Студент паднал на испитот по логика, му приоѓа на професорот и вели:
– Ако погодите, земам петка и си одам, ако не го знаете одговорот, ми давате десетка и си одам.
Професорот, по кратко размислување:
– Океј, прифаќам!
– Студентот:
– Што е тоа што е легално, но не е логично, логично но не е легално, а што не е ни логично ни легално?
Професорот долго размислувал, не нашол вистински одговор и му дал на студентот десетка. Потоа го прашал за одговорот, а студентот веднаш му одговорил:
– Вие, имате 63 години и сте оженети со 35-годишна жена, тоа е легално, но не е логично. Вашата жена има 25-годишен љубовник, што е логично, но не е легално. Вие му дадовте десетка на љубовникот на вашата жена, иако требаше да падне на испитот, што не е ни логично, ни легално.