Студент се вработил во зоолошката градина.
Првиот ден, директорот му објаснува што ќе прави:
– Значи, работата е едноставна. Тигарот умре,
но не можеме да ги лишиме луѓето од оваа атракција.
Затоа го зачувавме крзното, го ставаш и од 10 до 5
лежиш во кафез и се преправаш дека си тигар.
Студентот го облекол тигровото крзно
и легнал во еден ќош на крајот од кафезот.
Во еден момент, во кафезот влегува лав
и полека одел му се приближува на тигарот.
Студентот си помислил, толку е и го чекал својот крај.
Лавот пристапил кротко и тивко прошепотил:
– Колега, да не имаш цигари? Слонот сака да запали една.