Лука Дончиќ е суперѕвезда на кошаркарските терени, но зад неговите блескави моменти на паркетот стои една подеднакво впечатлива љубовна приказна. Словенечката убавица Анамарија Голтес не е само неговата партнерка, туку и неговата најголема поддршка, со која ја дели својата судбина уште од детството.
Љубов што започнала на 12 години
Пред Лука да стане глобална кошаркарска сензација, тој беше само момче што летувало на Крк – местото каде што ја сретнал својата иднина. Во времето кога биле деца, ни тие не можеле да замислат дека случајната средба ќе прерасне во љубов што ќе трае со години.
„Кога се запознавме, тој беше понизок од мене, но висината и мускулите никогаш не ми беа важни. Лука е личност со неверојатна енергија, која ме освои тогаш, а и денес остана истата,“ изјавила Анамарија.
Љубов што опстанува пред очите на јавноста
Парот е заедно од 2016 година, а и покрај славата и предизвиците на животот во центарот на вниманието, тие секогаш го зачувале своето пријателство и блискост.
„Кога ќе се вратам дома, нема муабет за кошарка, туку само за нас,“ открива Дончиќ, истакнувајќи колку Анамарија му помага да се исклучи од спортската рутина.
Неверојатното предложување – 7/7/23
Лука не е само магионичар на теренот, туку знае и како да создаде совршен романтичен момент. На 7 јули 2023 година (7/7), бројот што го носи на дресот, тој ја запросил Анамарија во Словенија.
„Лука ми е најдобар пријател, љубов и мој свет,“ напиша таа на социјалните мрежи по запросувањето.
Среќен крај? Не, ова е само почеток!
На крајот на 2023 година, љубовта на Лука и Анамарија доби уште едно прекрасно поглавје – раѓањето на нивната ќерка Габриела.
Од првата средба на Крк до создавањето на семејство – ова не е само љубовна приказна, ова е вистинска кошаркарска бајка. 🏀💕