Трамп и Си ќе имаат “роденденски самит”! Торта дајте им тек кога ќе го решат судирот САД и Кина! Медиуми откриваат што се спрема!
Средбата на американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот лидер Си Џинпинг би можела да се совпадне со нивните родендени во средината на јуни, наведува “Волстрит Журнал” повикувајќи се на добро информирани извори.
Трамп е роден на 14 јуни 1946 година, а Си на 15 јуни 1953 година. Американските и кинеските официјални лица наводно штотуку ги започнале разговорите за можен самит и ништо сè уште не е договорено, но двајцата лидери покажале интерес за средба во скоро време.
Трамп неодамна воведе, а потоа ги зголеми царините на увозот на кинеска стока и тие во моментов се во просек 35 проценти. Кина одговори со противмерки и изјава дека е подготвена за царинска, трговска “или било која друга” војна. Кинескиот извоз и покрај тоа порасна околу 2,3 проценти во јануари-февруари.
Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји минатата недела го осуди “дволичното” однесување на САД кои велат дека сакаат добри односи со Кина, а истовремено работат на нејзино ограничување.
Иако Ванг не се сретна со американски официјални лица за време на посетата на Обединетите нации минатиот месец, изворите на “Волстрит Журнал” тврдат дека тој притоа изразил поддршка за самит кој би се одржал на лето.
На американскиот претседател наводно не му се брза да преговара со Си бидејќи смета дека САД се економски посилни, додека Пекинг сака да преговара со Трамп што побрзо за да го избегне најголемиот судир од Студената војна. “Волстрит Журнал” го опишува односот меѓу двете земји како “борба за економска, технолошка и геополитичка надмоќ во светот.”
Од победата на Трамп на изборите во ноември, Кина испрати неколку делегации во САД со порака дека царините би можеле да ја влошат инфлацијата и неформални понуди да ја зголемат купувањето на американска стока.
Во меѓувреме, американскиот државен секретар Марко Рубио изјави за медиумите дека целта на преговорите со Русија е да се одвои Москва од Пекинг.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден