Сузана Јовановиќ, сопругата на починатиот Саша Поповиќ, ќе ја наследи неговата пензија. Саша Поповиќ, познатиот директор на Гранд, почина на 1 март по тешка болест.
Многумина се прашуваа дали Сузана ќе има право на неговата пензија. Според законот за социјална заштита, таа има право на семејна пензија. Таа ги исполнува условите бидејќи има над 53 години.
Саша Поповиќ претходно изјави дека неговата пензија е 102.000 динари. Тој рече дека таа сума им помага да ги покријат основните трошоци за живот.
„Од пензијата ги плаќам струјата, гасот и данокот. Купувам храна за семејството и децата. Еден дел оди за помошничката во куќата. Кога ќе платам сѐ, ми останува за крем бананчиња и две мастики“, раскажа Саша Поповиќ.
Покрај Сузана, Саша Поповиќ зад себе ја остави и ќерката Александра и синот на Сузана, Даниел, кого го сметаше за свој син.