во ,

Суровата вистина од Кочани: Овој статус ги отсликува проблемите на многу граѓани!

Огорчен глас од Кочани: „Плаќаме, а ништо не добиваме!“

Фејсбук групата „Кочани“ сподели потресен статус на еден нивен сограѓанин. Тој без влакна на јазикот ја опишува реалноста со која се соочуваат многумина во земјата. Неговите зборови одекнуваат силно.

Статусот на сограѓанинот гласи:

„Плаќаме пензиско – не ја дочекуваме пензијата.

Плаќаме здравство – се лекуваме во странство.

Плаќаме патарина – гинеме на патиштата.

Плаќаме комуналии и ѓубрарина – се давиме во ѓубре и смет.

Гласаме на избори – им ги полниме патните трошоци, а тие лажат, крадат, подмитуваат и го уништуваат системот.

Жалам за мојата генерација, која создаде државни чиновници што го продолжија истиот пат што го трасираа „транзициските профитери“.

Се срамам од младите, образованите, „прогресивните“, кои слепо ги следат партиските директиви, без свое „јас“, изразувајќи го својот став исклучиво преку „матичната“ партија.

Но, сè уште се надевам – дека ќе се појави нова младина. Прошетана, паметна, „префригана“, со визија и сила да го смени ова.

Во спротивно… ќе не снема како нација.“

Фејсбук групата „Кочани“ потсети дека нивната страница е создадена пред една година. Целта е граѓаните слободно да го изразат своето мислење. Да споделат став, да се пожалат на проблеми, да пофалат нешто или да рекламираат свој бизнис.

Тие исто така додадоа дека доколку добијат барем едно барање дека оваа објава е несоодветна, веднаш ќе ја избришат.

Сподели:
Уникатни Маици

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Огромна змија му се појави на ветробранското стакло и го погледна во очи: Ова возење никогаш нема да го заборави!

Жестоки напади во Одеса: Русија со масовен напад врз украинското пристаниште