Остатоците од прастариот град Дварка во индиските води поставуваат многу прашање на кои нема одговор. “Златниот град”, кој според најновите истражувања е стар барем 10.000 години, има развиена инфраструктура и уреден начин на живот.
Меѓу најголемите мистерии на современото време многу експерти го вбројуваат потопениот град Дварка во Индија. Импозантната градба се наоѓа 36 метри под вода, а првите сериозни научни истражувања датираат од 1979-та година. Оттогаш до денес траат контроверзии околу тоа кој и кога го изградил овој град и зошто сега се наоѓа под вода.
На ниедно од овие прашања не постои валиден одговор. Имено, прво научниците тврделе дека Дварка е направен некаде околу 526-та година пред новата ера. Тогаш го поврзувале со Александар Македонски, неговиот поход на Индија и изградбата на утврдени градови. Сега, со најновото проучување откриле дека градот е стар 10.000 години.
Дварка значи “Златен град” и според мислењата на некои индиски истражувачи лесно може да се поврзе со преданијата кои ги пренесува епот “Махабхарата” и дека е кренат во чест на хиндуистичкото божество Кришна.
Сепак, ни тие немаат одговор на прашањето како овој град, чија најдолга страна е долга дури 8 километри, е направен во тоа време од гранитен камен и како завршил по вода.
Во јануари 2017-та година одделението за Подводна археологија при Индискиот институт Сарвеј пронашло ѕидини од тврдината на овој град. Притоа, тие биле направени од истиот материјал како и повеќето градби и биле дел од една целина, што уште повеќе ги збунува научниците. Зошто? Затоа што делови од масивната градба се најдени и неколку километри подалеку. Пронајдени се и бројни камени скулптури и накит…
Градот има правилно распоредени згради, улици, плоштади. Оние кои сметаат дека станува збор за град кој се опишува во “Махабхарата”. сметаат дека допрва треба да се откријат други делови од градот, кој спред преданието имал 900.000 градби. Кралската палата била од бел мермер, украсена со злато.
Во Индија инаку, има неколку престари градови со истото име.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден