Патот до ѕвезда не е ниту малку лесен, а доказ за тоа се познатите личности кои што често се изповедаат и откриваат тајни од младоста.
Една од најпопуларните актерки на денешницата, Дру Баримор, гостувајќи во една емисија раскажала помалку познати детали од својот живот, како и дека на 13 години завршила на психијатрија.
„Одев по клубови, не одев на училиште, ѝ го крадев автомобилот на мајка ми, бев целосно надвор од контрола“, изјавила Дру, која што со актерство почнала да се занимава уште додека била дете, а вниманието во јавноста го добила со улогата во филмот „E.T.“.
Славната актерка истакнала дека на само 13 години, дури 18 месеци поминала на психијатриска клиника во која што ја сместила нејзината мајка:
„Мислев дека има чудовиште покрај мене и едноставно мајка ми не знаеше што да направи со мене. Буквално, тоа беше нејзиниот очајнички потег, а јас навистина бев надвор од контрола. И, ѝ простувам поради таквиот избор. Таму, повеќе немаше простор за шеги, доколку направите некаква глупост, ќе ве ставеа во соба за изолација или пак ќе ви го ограничеа движењето“, додала актерката.
По неколку години, Дру немала контакт со својата мајка, но со текот на времето и годините ги подобриле своите односи:
„Денес ја разбирам, чувствувам емпатија и добрина кон неа“, изјавила актерката и додала дека престојот во психијатриската болница е најдобрата работа која што ѝ се случила.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден