во

Тиктокерка ги воодушеви социалните мрежи: Зборувала јазик што Словените го разбираат без учење!

Инфлуенсерката Татјана Инишина неодамна стана вистинска интернет сензација со видео на ТикТок во кое зборува на јазик кој, на прв поглед, изгледа непознат, но сепак е разбирлив за многумина. Таа објасни дека станува збор за меѓусловенски јазик, кој може да го разберат сите Словени, дури и без претходно да го научат. Оваа јазична конструкција ги комбинира основите на различни словенски јазици, што овозможува лесна комуникација меѓу нив.

Видеото набргу стана вирално, собирајќи над шест милиони прегледи и илјадници коментари од луѓе од целиот словенски свет. „Јас сум од Хрватска. Разбрав се од почеток до крај“, „Босанец овде, сè ми е јасно“, „Ова е неверојатно, како е можно?“, беа само некои од реакциите. Имаше и коментари од Македонија, Летонија и многу други земји, каде што луѓето се изненадени како без учење го разбираат овој јазик.

Меѓусловенскиот јазик е создаден во 2006 година со цел да ја олесни комуникацијата помеѓу граѓаните на различни словенски нации. Зад овој проект стојат група лингвисти предводени од холандскиот лингвист Јан ван Стенберген. Јазикот ги зема предвид карактеристиките на јазиците како македонскиот, српскиот, хрватскиот, словенечкиот, рускиот, бугарскиот, па дури и украинскиот и полскиот, што го прави разбирлив за широк круг на луѓе од словенско потекло.

Интересот за овој јазик по видеото само расте, а многумина прашуваат каде можат да го научат.


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Адријана Лима блесна по 6 години пауза, сестрите Хадид го освоија шоуто: Грандиозно враќање на Victoria’s Secret 2024

Три децении љубов: Билјана Дебарлиева и сопругот го прославија јубилејот (фото)