Истражувачот и тиктокер Џош, кој е познат по своите авантури во напуштени и необични локации ширум светот, неодамна го привлече вниманието со вирално видео. Во него, тој наишол на тревни скали среде шума, кои воделе до морничав подземен влез.
Откако тргнал да ги истражува скалите, открил лавиринт од долги тунели и тајни соби, кои ги опишал како едно од најстрашните места што ги посетил. И покрај тоа што видеото собра 18 милиони прегледи, Џош не ја откри точната локација на мистериозното место.
Во видеото, тиктокерот покажува како, опремен само со батериска ламба, се спушта уште подлабоко во подземјето и наидува на челична врата која води до друг сет на скали. Додека продолжува да истражува, открива празни соби, една поплавена просторија и за’рѓан предмет што не можел да го препознае.
@joshtheintern I was not meant to find this place! 😱 While hiking through a forest I came across this overgrown entrance that led underground. Heading inside to explore it I found myself in a maze of long tunnels and secret rooms! This is definitely one of the creepiest abandoned places I have explored! #abandonedplaces #abandoned #urbex #exploring #creepy
♬ Creepy and simple horror background music(1070744) – howlingindicator
„Што и да беше ова место, сакале да го чуваат во тајност“, изјави Џош, сугерирајќи дека местото можеби има мрачна историја. На крајот од тунелот наишол на соби со разнесени врати и празна полица за книги, пред да ги најде скалите кои повторно го воделе кон површината.
Иако не е познато што навистина открил, неговото искуство ги заинтригира гледачите и ги остави да шпекулираат за вистинската природа на ова мистериозно подземно место.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден