Вториот полуфинален натпревар во Лига Европа беше вистински спектакл. Дуелот меѓу Манчестер Јунајтед и Лион сигурно ќе се памети. Тој веќе влезе во изборот за највозбудлив натпревар во 2025 година.
Натпреварот понуди сè што го прави фудбалот посебен. Имаше продолженија, два неверојатни пресврти и вкупно девет голови. Видовме убави потези, но пред сè, видовме многу емоции.
Токму емоциите го прават фудбалот најважна споредна работа. А една слика од овој натпревар го обиколи светот. Станува збор за кадарот со малото момче во дрес на Јунајтед.
Тој плачеше неутешно по четвртиот гол на Лион. Голот дојде во 110. минута од пенал, преку Александар Лаказет. Во тој момент, на момчето како да му се сруши целиот свет. Тоа беа најискрените можни детски емоции.
Често, кога ќе пораснеме, ги потиснуваме таквите чувства. Но, фудбалот знае да ги извади на површина. Само неколку минути подоцна, сликата беше сосема поинаква. Расположението на момчето драстично се промени.
A young Man United fan’s reaction before and after the comeback.
byu/whiteniteee insoccer
Избраниците на тренерот Рубен Аморим направија чудо. Манчестер Јунајтед прво израмни, а потоа направи целосен пресврт. Со неверојатна драма, клубот обезбеди пласман во финалето на Лига Европа.
Затоа, ти благодариме, момче во црвено. Нè потсети на искрената, чиста емоција. Нè потсети на вистинската суштина на фудбалот. Токму таа страст е она што сите нè поврзува со оваа игра.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден