Судирот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски претставува катастрофа за Украина и победа за Русија, пишува колумнистката на Скај њуз, Дебора Хејнс.
– Ако Трамп во бес ја повлече целата воена поддршка за Украина, способноста на Киев да пружи отпор сериозно ќе ослабне – објасни Хејнс.
Таа нагласува дека поддршката на Соединетите Американски Држави е клучна за опстанокот на Украина во судирот со Русија, бидејќи Европа нема капацитет да ја пополни таа празнина.
– Единствениот човек кој ќе излезе како победник во ова сценарио е господин Путин – заклучи Хејнс.
Трамп го исфрли Зеленски од Белата куќа
Ден претходно, во Вашингтон се одржа состанок на Доналд Трамп, потпретседателот на САД Џеј Ди Венс и Володимир Зеленски, кој се претвори во отворен судир.
Американскиот претседател се обиде да му објасни на Зеленски дека Украина нема капацитет да ги продолжи борбите и дека, без американска помош, нејзините сили би издржале само неколку недели на почетокот на судирот.
Меѓутоа, Зеленски продолжи да му се спротивставува на Трамп и постојано го прекинуваше, инсистирајќи на тоа дека Украина сама водела војна против Русија.
Според извештајот на Фокс њуз, ситуацијата ескалирала до таа мера што Трамп на крајот го исфрлил Зеленски од Белата куќа, бидејќи сметал дека украинскиот лидер му покажува непочитување.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден