Трагедијата во Кочани однесе многу млади животи. Меѓу нив беше и Ице Андонов. Неговите другари со солзи во очите раскажуваат за неговата храброст.
Тага и болка го обвија семејството Андонови. Тие го загубија својот Ице Андонов. Тој е една од 59-те невини жртви на пожарот во Кочани.
Истрагата покажа дека дискотеката работела без лиценца. Утврдени се бројни пропусти. Семејството со часови го барало Ице. Оделе од болница до болница. На крајот ја слушнале ужасната вест. Тој е меѓу настраданите.
„Загина спасувајќи животи. Прв излегол, но се вратил да спаси што повеќе луѓе. Многупати влегувал и излегувал внатре. Се обидувал да ја скрши задната врата. Таа била блокирана. Се загушил“, раскажуваат другарките на Ице за Женски магазин. Тие се горди што го познавале.
„Имаше 21 година. Работеше во дискотеката. Имаше толку многу соништа. Спаси многу деца. Го даде својот живот за нив. Тој е наш херој. Ни беше како брат. Сега е на небото со татко му. Ќе нѐ чуваат сите нас од горе“, велат другарките.
Тие споделија дека Ице имал голема желба. Сакал да го однесе својот автомобил на за автомобили.
„Ќе му ја исполниме таа желба. Тоа е аманет што ни го остави. Ќе направиме собир во негово име“, велат другарите со голема тага.
Нека му е вечна слава.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден