во ,

ТРАГЕДИЈА ВО КОЧАНИ: Ќерката на единствената пожарникарка загина во пожарот!

Трагичната вест за смртта на 21-годишната планинарка Ивона Антова во пожарот во Кочани доби уште поболна димензија кога се откри дека таа е ќерка на Стојка, единствената жена пожарникар во Доброволното противпожарно друштво Кочани.

Стојка и нејзиниот сопруг Тоше, кои исто така се член на друштвото, го загубија своето единствено дете во оваа катастрофа.

Од Доброволното противпожарно друштво Кочани изразија длабоко сочувство до семејствата на сите жртви, а посебно се осврнаа на загубата на нивните членови, Стојка и Тоше. Тие раскажаа дека во кобната ноќ на 16 март, нивниот тим веднаш излегол на терен, ризикувајќи ги своите животи за да помогнат. За жал, меѓу жртвите била и ќерката на нивните колеги.

„Секој од нас загуби по некој близок, познаник, пријател, другар а нашите членови, сопружниците Тоше и Стојка го загубија најмилото – ќерката единец Ивона. Изразуваме искрено сочувство во овие болни и тешки моменти за сите жртви и оние кои се борат за живот. Вечна им слава!“, напишаа од Доброволното противпожарно друштво Кочани.

Федерацијата на планинските спортови на Македонија (ФПСМ) исто така изрази сочувство до семејствата на сите жртви, вклучувајќи ги и младите планинари Ѓорѓи Величков и Ивона Антова. Планинарите ја опишуваат Ивона како ведро и насмеано девојче, кое зрачело со позитивна енергија и ја наследило страста кон планините од своите родители.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

СРЦЕПАРАТЕЛНО: Ќерка 27 години ги фотографирала родителите како ѝ мавтаат, последната фотографија е болна!

ШОКАНТЕН ПРЕДЛОГ НА ПУТИН: Ја спомена Југославија во планот за Украина!