во

Трагедија во Сицилија: Три жртви и три деца во критична состојба по страшна сообраќајка

Утрово, три лица го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Палермо-Шака, Италија, каде што директно се судриле „Тојота РАВ 4“ и „Мерцедес“. Во несреќата, тројца деца биле сериозно повредени и итно пренесени во болница, каде што се наоѓаат во критична состојба.

Според локалните медиуми, инцидентот се случил околу 08:15 часот, на 13-тиот километар помеѓу Алтофонте и раскрсницата за селото Џакалоне. Возилата се движеле во спротивни насоки кога под сѐ уште неразјаснети околности се судриле.

Екипите на итната помош и пожарникарите веднаш интервенирале, додека полицијата започна истрага за да ги утврди причините за несреќата. Додека трае истрагата, сообраќајот на овој дел од патот е пренасочен, а патот привремено затворен.

Компанијата што управува со патиштата, заедно со полицијата, работи на што побрзо обновување на нормалниот сообраќај.


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Љубовна приказна на Мили: Жена која го освои срцето на познатиот продуцент!

ФЛОРИДА НЕМА ВИДЕНО ВАКВО НЕШТО: Ураган доведе до експлозија на торнадо