во , ,

Трагедија: Ѕвезда на Гранд, Предраг Пеѓа Бошњак, загина во несреќа со мотор

Почина пејачот Предраг Пеѓа Бошњак на 34-годишна возраст. Тој беше познат на пошироката публика по учеството во музичкото шоу „Ѕвезда Гранда“.

Според информациите, трагичната несреќа се случила кај Палиќ, во Србија. Пеѓа Бошњак управувал мотоцикл кога изгубил контрола и паднал. Несреќата се случила вчера околу 16:35 часот на обиколницата околу Палиќ.

Со тешки повреди, пејачот веднаш бил пренесен во Општата болница во Суботица. И покрај напорите на лекарите, тој починал вечерта. Се претпоставува дека причина за несреќата била неприлагодена брзина.

Веста за неговата смрт ги потресе неговите бројни пријатели, колеги и обожаватели. Тие преку социјалните мрежи изразуваат жалење и се простуваат од талентираниот пејач. Многумина ќе го паметат по неговиот препознатлив глас и харизма со која зрачеше.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вековна мистерија решена: Научниците открија што е постаро – кокошката или јајцето!

Канада се поклони на жртвите од Кочани: Нијагарините водопади во боите на Македонија