Овој македонски специјалитет е совршен избор за ручек. Посен е, многу вкусен, а се подготвува навистина брзо. Станува збор за традиционално тавче гравче, направено од грав и ароматични зачини.
Оригинално се користи сув грав, но за да заштедите време, слободно користете грав од конзерва. Вкусот ќе остане богат, а ручекот ќе биде готов експресно. Тавче гравчето е многу заситно јадење. Често останува и за следниот ден.
Еве како да го подготвите:
Состојки:
- 1 голема конзерва бел грав (околу 800г)
- 1 голем морков
- 1 главица кромид
- 2 чешниња лук (или лук во прав)
- 2 лажици масло
- 100 мл доматно пире (пасирани домати)
- 1 лажичка мешан сув зачин (вегета)
- Сол и црн пипер по вкус
- 1 лажица благ црвен пипер
- 1 лажичка лут буковски пипер (или мелен лут пипер, по желба)
Подготовка:
- Исечкајте ги ситно кромидот и морковот. Ставете ги да се динстаат на загреано масло. По желба, додадете го и ситно сечканиот лук да се пропржи кратко со нив.
- Кога кромидот ќе стане стаклест, отворете ја конзервата со грав. Исцедете ја течноста до половина (оставете малку од течноста).
- Префрлете го гравот во тавата со кромидот и морковот. Додадете ги сите зачини: мешан сув зачин, сол, бибер, благ црвен пипер и лут пипер (ако користите лук во прав, додадете го сега).
- Додадете го доматното пире и измешајте. Оставете кратко да проврие, околу 5 минути.
- Загрејте ја рерната на 250 степени Целзиусови. Префрлете ја смесата со грав во земјена тава или друг огноотпорен сад.
- Намалете ја температурата на рерната на 200 степени. Печете го гравчето околу 30 минути.
- Пред крајот на печењето, вклучете го горниот грејач на неколку минути. Печете додека јадењето не добие убава румена коричка.
- Извадете го од рерна и оставете го да одмори неколку минути пред служење. Послужете топло, со свежа салата и леб.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден