во ,

ТРАМПОВИОТ ШАМАР ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Америка го отпиша украинскиот претседател?! „Време е за лидер кој ќе преговара со Русија“

Дали Америка го крева знамето на ПРЕДАВСТВО? Советникот на Доналд Трамп, Мајк Волц, јавно сигнализира промена на американската политика кон Украина. По инцидентот во Овалната соба, Трамп го ОТПИША Зеленски и бара нов лидер кој ќе биде ПОДГОТВЕН на преговори со Русија, дури и со територијални отстапки.

Реклама

„Зеленски не е лидер за нас“ – Трамп бара нов партнер во Киев

„Нам ни треба лидер кој може да работи со нас и, на крајот, со Русите, и да стави крај на оваа војна“, изјави Волц за Си-Ен-Ен, јасно ставајќи до знаење дека Трамп повеќе НЕ СМЕТА на Зеленски како партнер. „Ако стане јасно дека личните или политичките мотивации на претседателот Зеленски не се во согласност со завршувањето на борбите, тогаш ќе се соочиме со РЕАЛЕН ПРОБЛЕМ“, додаде тој, оставувајќи малку простор за сомнеж – Зеленски е ОТПИШАН.

Порака до Зеленски – ПРИФАТИ МИР или збогум американска поддршка

Волц испрати ЈАСНА ПОРАКА до украинскиот лидер: Зеленски треба јавно и приватно да покаже ПОДГОТВЕНОСТ за МИР. Во спротивно, американската поддршка може да ИСЧЕЗНЕ. Ова е директен ПРИТИСОК врз Зеленски да ги смени своите позиции и да седне на преговарачка маса со Русија, дури и по цена на територијални отстапки.

Територијални отстапки – ЦЕНА за мир или ПРЕДАВСТВО на Украина?

Волц отвори НОВА ДИМЕНЗИЈА во можните преговори меѓу Русија и Украина – ТЕРИТОРИЈАЛНИ ОДСТАПКИ. „Оваа војна треба да заврши, и тоа ќе бара отстапки во однос на територијата“, рече Волц. Тој додаде дека и Русија ќе мора да направи отстапки во однос на безбедносните гаранции. Но, јасно е дека ГЛАВНИОТ ТОВАР на отстапки ќе падне на Украина.

Европски безбедносни гаранции – Америка се ПОВЛЕКУВА?

Волц спомена „безбедносни гаранции предводени од Европа“, вклучувајќи ги воените сили на Велика Британија и Франција на теренот. Дали ова значи дека Америка се ПОВЛЕКУВА од украинската криза и ја препушта одговорноста на Европа? И дали Европа е ПОДГОТВЕНА и СПОСОБНА да ја преземе таа улога? Прашања кои остануваат ОТВОРЕНИ.

Американските безбедносни гаранции – тема за ПРЕГОВОРИ

За американските безбедносни гаранции, Волц нагласи дека „ТРЕБА ДА СЕ ПРЕГОВАРА“. Ова е уште еден сигнал дека Америка е подготвена да ја НАМАЛИ својата улога во украинската криза и да бара РЕШЕНИЕ преку преговори, дури и ако тоа значи ТЕРИТОРИЈАЛНИ ОДСТАПКИ од страна на Украина.

Сподели:
Кул Маици

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

МОРНИЧАВО ДЕЛО: Кој го ОГРАБИ гробот на Зоки Фаци?! Стефан Лазаров со ПОТРЕСНА објава!

ТРАМП ГУБИ ТЕРПЕНИЕ: „Зеленски, доста ми е! Нема вечно да го трпам!“