во ,

Трамп објави светска сензација: Имам договор со Путин и Зеленски!

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека верува оти постигнал договор и со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот лидер Володимир Зеленски за прекин на конфликтот во Украина, пренесе Ројтерс.

Говорејќи од Белата куќа, Трамп рече дека соработката со Зеленски била потешка од очекуваното, иако е постигнат напредок од двете страни.

Купи Маица

„Мислам дека Русија е подготвена, и многумина велат дека Русија сакала да оди до крај. Јас мислам дека веќе имаме договор со Русија. Сега треба да го постигнеме и со Зеленски“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната сала.

Тој призна дека очекувал полесна соработка со украинскиот претседател.

„Досега беше потешко… Но мислам дека имаме договор со двајцата. Станува збор за многу човечки животи“, додаде Трамп.

На прашање за американски предлог што би вклучувал признавање на Крим како „де јуре“ руска територија, Трамп не даде конкретен одговор, велејќи дека „нема фаворити“ меѓу Украина и Русија и дека неговата цел е да се стави крај на војната.

Неколку часа претходно, портпаролката на Белата куќа, Керолајн Левит, изјави дека Трамп е „фрустриран“ поради бавниот напредок на преговорите и смета дека Зеленски „делува како да оди во погрешна насока“.

Трамп најави можност за средба со Путин по неговото патување во Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати.

На прашање дали би можел да се сретне со Путин во Саудиска Арабија, Трамп рече дека тоа е можно, но малку веројатно, и додаде дека најверојатно ќе се сретнат веднаш по враќањето од тој регион.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ИТАЛИЈАНЕЦ НА ЦРТАТА: Новак Ѓоковиќ го дозна ПРВИОТ РИВАЛ на Мастерсот во МАДРИД!