Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, преку својот профил на Truth Social, соопшти дека воведува 90-дневна пауза на царините што ги наплаќа САД од меѓународните партнери.
Целта на оваа мерка е да се отвори простор за преговори и намалување на трговските тензии.
Сепак, оваа пауза не се однесува на Кина. Трамп најави дека веднаш стапува на сила зголемување на царините за кинески производи на 125%. Тој го образложи овој потег со „недостатокот на почит што Кина го покажа кон глобалните пазари“ и изрази надеж дека Кина ќе сфати дека заврши времето на експлоатација на САД и другите земји.
Трамп исто така истакна дека повеќе од 75 држави контактирале со американски претставници за да преговараат за трговски прашања, бариери, царини, манипулација со валути и нецарински бариери.
Тој додаде дека на негово барање, овие земји не презеле одмазднички мерки против САД, поради што тој одобрил 90-дневна пауза и значително намалување на реципрочните царини од 10% во овој период.
Оваа мерка, според Трамп, треба да овозможи дополнителен дијалог и да ги намали трговските тензии со повеќето земји, но останува неизвесно како ќе реагира Кина на значителното зголемување на царините.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден