во ,

Трамп ја смири тензијата по жестока расправија меѓу Маск и Рубио во Белата куќа

На последниот состанок на кабинетот свикан од американскиот претседател Доналд Трамп, дојде до жестока расправија меѓу државниот секретар Марко Рубио и милијардерот-претприемач Илон Маск.

Инцидентот се случил за време на дискусијата за реорганизација на владата и намалување на државните трошоци, а конфликтот започнал кога Маск го обвинил Рубио дека не отпуштил доволно од своите потчинети.

Реклама

„Не сте отпуштиле никого“, му рекол Маск на Рубио, на што државниот секретар му одговорил дека тоа не е точно, нагласувајќи дека од Стејт департментот веќе биле отпуштени 1.500 вработени.

Во инцидентот, Маск не се повлекол и саркастично му се обраќал на Рубио, нарекувајќи го „одличен за телевизија“, алудирајќи на неговата неспособност за управување. Според сведоците, претседателот Трамп ја набљудувал ситуацијата од своето место, без да интервенира во почетокот, но на крајот се вмешал во одбрана на Рубио, пофалувајќи го за неговата работа.

„Рубио врши одлична работа. Тој е многу зафатен, патува, има медиумски настапи и се справува со предизвиците на надворешната политика“, рекол Трамп.

„Њујорк тајмс“ објави дека овој инцидент претставува „пресвртен момент“ и дека претседателот има намера да го ограничи влијанието на Маск, чија активност веќе привлекува контроверзии, а неговите потези предизвикале незадоволство во редовите на републиканците.

Се вели дека овој состанок бил сигнал дека Трамп е загрижен за растечкото незадоволство и дека се обидува да одржи рамнотежа, обидувајќи се да ги задоволи и Маск и членовите на својот кабинет. Во исто време, Трамп ја потврдил поддршката за иницијативите на Маск за реорганизација на владата, но повикува на пореалистичен и понеутрален пристап.

Извори исто така нагласуваат дека министрите ќе бидат одговорни за кратењата на персоналот, додека тимот на Маск ќе има само советодавна улога во целиот процес.

Сподели:
Уникатни Маици

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

СЕНЗАЦИЈА ВО МЕДИЦИНАТА: CDC ЌЕ ЈА ПРОВЕРУВА ТЕОРИЈАТА ЗА ВРСКА МЕЃУ ВАКЦИНИ И АУТИЗАМ – Дали конечно ќе се РАЗОТКРИЕ ВИСТИНАТА?!

Зеленски го обвини Путин: “Ова се злосторства што ќе го разбеснат светот!”