Тргнал Мујо со камион на пат преку граница, а со себе зел еден слон.
Во двете уши му ставил по една кришка леб.
Стигнал на царина и цариникот го прашува дали има нешто да пријави.
Мујо одговорил дека нема ништо.
Цариникот сепак го отворил камионот и го видел слонот.
– Чекај малку, рече дека немаш ништо да пријавиш,
а возиш слон во камионот? – зачудено го прашал цариникот.
– Ич да не ти е гајле тебе што сум си ставил
јас во сендвичот за ужина! – одговорил Мујо.