Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави контроверзна одлука за делумно суспендирање на новите царини во период од 90 дена, додека истовремено ги зголеми давачките за увоз на стоки од Кина.
Оваа неочекувана промена во трговската политика на САД доаѓа само еден ден откако стапија на сила новите царини за голем број земји.
Новите трговски бариери предизвикаа нестабилност на пазарите, ја зголемија загриженоста за можна рецесија и предизвикаа реакции на Кина и Европската унија. Трамп најави дека царините за увоз од Кина ќе се зголемат од 104 на 125 отсто, објаснувајќи дека причината е „недостатокот на почит што Кина го покажа кон светските пазари“.
Претходно, Кина одговори со воведување царини од 84 отсто на увоз од САД. „Ја одобрив 90-дневната пауза и значително ги намалив реципрочните царини од 10 отсто во тој период“, рече Трамп, додавајќи дека одлуката за пауза и за зголемување на царините за Кина стапува на сила веднаш.
Во подоцнежна изјава од Овалната соба, Трамп изрази подготвеност да се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг, опишувајќи го како свој пријател и „еден од најпаметните луѓе во светот“. „Тој точно знае што треба да направи. Тој ја сака својата земја“, изјави Трамп, најавувајќи дека очекува телефонски разговор со кинескиот лидер по што ќе започне „трката“.
На прашањето зошто првично Белата куќа инсистирала на тоа дека нема да има отстапки, Трамп кратко одговори: „Тоа се преговори“, изразувајќи уверување дека на крајот ќе биде постигнат многу добар договор со Кина. Тој исто така накратко спомена дека САД поседуваат оружје за кое никој не знае.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден