во

Трибјут концерт за легендата Гоце Арнаудов: Почит за „македонскиот Мик Џегер”

На 4-ти декември 2024 година, во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ќе се одржи Трибјут концерт во чест на Гоце Арнаудов – музичката легенда чии мелодии и стихови оставија неизбришлива трага во македонската музичка историја. Овој настан ќе ни овозможи да се потсетиме на неговите најголеми хитови и на уникатниот глас кој ја обележа македонската народна музичка сцена.

Настанот ќе биде воден од Миро Кацаров, а на сцената ќе настапат големи музички имиња – негови колеги и пријатели од народната и забавната музичка сцена кои ќе пеат за него и ќе го чествуваат неговото дело. Концертот започнува во 19:00 часот, и сите љубители на македонската музика се поканети да присуствуваат и да оддадат почит на „златното грло” на македонската музика.

Повелете на овој емотивен музички настан и доживејте ги безвременските хитови на Гоце Арнаудов!

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Алармантен пораст на проблемите со говор кај децата во прилепските градинки: Секое второ дете има потреба од логопед

Започнува UltiMATH: Најголемиот математички натпревар за средношколци со награда од 10.000 евра