Тројца лекари од Брзата помош од Софија, Бугарија, беа меѓу првите кои пристигнаа на местото на трагедијата во Кочани за да им помогнат на повредените. Она што е особено значајно е дека сите тројца лекари имаат македонско потекло.
Радио Валандово објави на својата фејсбук страница дека тројцата лекари се Македонци. Бугарската телевизија БТВ исто така го потврди ова во своја емисија посветена на трагедијата во Македонија.
Станува збор за д-р Марија Кушевска, која е родена во Кочани, д-р Татјана Ачова од Штип и д-р Костадинов од Пробиштип.
Д-р Марија Кушевска беше дел од медицинскиот тим кој веднаш замина во спасувачка мисија. Таа е родена и израсната во Кочани. За жал, во трагедијата изгубила роднини и пријатели.
Додека им помагала на пациентите и ги подготвувала за транспорт, д-р Кушевска дознала дека еден од нејзините пациенти е близок пријател на нејзиниот брат. Потоа, додека патувале со брзата помош кон Софија, во авионот за Бугарија бил и нејзиниот прв братучед.
Во тимот на лекари кои патуваа во својата родна Македонија за да ги спасат настраданите од големиот пожар во Кочани беше и д-р Даниел Кировски од Валандово, објави Радио Валандово.