Бил Фишер од Северна Дакота, САД, го пронашол својот „Chevrolet Avalanche“ преполн со ореви, откако го оставил паркиран само 4 дена.
Фишер морал да го отстрани целиот преден дел на возилото за да исчисти сè бидејќи една вредна верверичка го наполнилa со дури 70 килограми ореви.
„Морав да ги отстранам и браниците за да ги извадам сите ореви“, изјавил тој, истакнувајќи дека неговите напори не биле 100 отсто успешни.
„Сè уште слушам како нешто се тркала во внатрешноста на возилото, веројатно во деловите на автомобилот до кои не можам да стигнам“, додал Фишер.
Фотографиите кои тој ги објавил на Фејсбук покажуваат дека успеал да наполни 7 канти со ореви извадени од возилото. Со секоја канта која во просек собирала 10-тина килограми, оваа вредна верверичка успеала да собере над 70 килограми ореви за зимата.
Но, за жал, целиот нејзин труд бил залуден…
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден