во ,

Угина “Скарфејс”, најпознатиот лав на светот: Бил лидер на глутница лавови, страв и трепет во резерватот

Заедно со браќата, со години владеел во најголемите пространства на резерватот.

Скарфејс, најпознатиот лав на светот, угинал на 14 години во Кенија, а станува збор за природна смрт. Кралот на животните и најстар лав во Масаи Мара резерватот, бил познат по огромната лузна на десното око, па така го добил и името – Скарфејс.

Бил толку популарен што дури имал и своја Фејсбук страница, а заедно со своите браќа – Хантер, Сики и Морани, бил ѕвезда на документарецот на “BBC” за лавови. Поради неговата смрт, големата територија со која некогаш заедно господареле, сега е слободна зона за освојување на другите “кланови”.

И покрај опасниот живот кој го водел и постојаната борба за превласт и зачувување на територијата, Скарфејс успеал да доживее длабока старост, бидејќи лавовите во просек живеат меѓу 10 и 14 години, а лидерите на глутниците често и многу помалку. Лузната преку окото, која го прославила, ја добил во 2012-та година кога имал само 4 години, а а преживеал и тешко ранување кога бил прободен со копје од човек кој ја бранел својата стока.

“Почина во мир, немаше возила ниту хиени да му пречат. Ние го имавме единственото возило на самото место и покрај него, во надеж дека ќе му дадеме некој вид на утеха. Мара резерватот изгуби еден од најголемите, култни мажјаци. Нека неговата легенда живее засекогаш”, напишале од резерватот.

На чело на големата глутница останал долго благодарение на тоа што бил силен, а имал и најголема грива со која ги привлекувал женките. Заедно со браќата, освојувал територии и никој не можел да го сопре.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Херој на денот Куче ѝ го спасило животот на жена што сакала да се самоубие

Урнебесна данска реклама која ја подигнува свеста за безбедноста на велосипедистите