Рускиот лидер Владимир Путин отвори врата за потенцијален прекин на непријателствата во Украина, но со строги услови кои предизвикуваат контроверзии и страв кај меѓународната заедница.
Извори од Кремљ откриваат дека Москва е подготвена да размисли за примирје, но само ако се исполнат специфични барања.
Експерти за преговори тврдат дека Путин инсистира на јасна рамка за траен мировен договор, како и на внимателен избор на земји кои ќе учествуваат во евентуална мировна мисија.
Овие услови предизвикуваат сериозна загриженост во Киев и кај неговите западни сојузници, кои стравуваат дека ваков договор ќе биде исклучиво во корист на Русија.
Во време кога американскиот претседател Доналд Трамп активно се обидува да посредува за мировен договор, Кремљ ја користи ситуацијата за да ги оствари своите стратешки цели, според пишувањата на Дејли Меил.
Меѓународната заедница е изненадена од промената во пристапот на Трамп кон Москва, што претставува отстапување од досегашната американска политика. Во исто време, Трамп врши притисок врз Украина да се согласи на преговори.
„Односите со Русија се одлични. Искрено, со Украина ми оди многу потешко“, изјави Трамп во Овалната соба.
Овие барања будат страв кај Украина и нејзините западни поддржувачи, кои се плашат дека договорот ќе биде наклонет кон Москва.
Администрацијата на Трамп тајно ги разгледуваше опциите за олеснување на санкциите против Русија, вклучително и можноста за укинување на ограничувањата за продажба на руска нафта, што предизвика загриженост кај европските сојузници.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден