во

Уникатен совет од мајка: Како да се скроти “дивиот ѕвер” во бракот

Една млада жена ѝ се пожалила на мајка си дека не успева да го „скроти“ својот сопруг и да внесе хармонија во бракот. Наместо класичен совет, мајката ѝ дала неочекувана задача, преполна со мудрост и животни поуки.

„Сакам да ми донесеш три влакна – но не обични, туку од мустаќите на тигар,“ рекла мајката. Ќерката зачудено се запрашала како би можела да собере такви влакна, но мајката ја поттикнала да се обиде.

Следните денови, девојката започнала да оди во шумата, носејќи парче месо за тигарот. На почетокот бегала штом тигарот ќе ѝ се приближеше, но со време, тие двајца се запознале. Од ден на ден, тигарот почнал да ѝ верува, прифаќајќи ја нејзината храна без страв. На крај, толку се зближил со неа што заспал покрај нејзините нозе. Девојката конечно успеала да ги собере трите влакна и гордо му ги покажала на мајка си.

Мајката тогаш ја поучила: „Ако можеше да го скротиш тигарот со трпение, љубов и разбирање, можеш и својот маж. Врати се дома и освои го со тие исти доблести.“

Поуката од приказната е јасна: со разбирање и трпение можеме да внесеме хармонија во нашите односи и да ги освоиме срцата на најблиските.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Денес се празнува Света маченичка Параскева – света заштитничка на сиромашните

Семејниот дом на Ѓорѓе и Оливера Балашевиќ: Оаза на љубов и спомени