во

Ураганот Кирк денес ќе зафати дел од Балканот: Направи хаос во Шпанија и Португалија, што нè очекува?

Дел од Балканот, поточно Бугарија, денес ќе биде зафатен од ураганот Кирк, кој вчера предизвика хаос низ Европа.

Кирк вчера ги погоди Португалија, Шпанија и Франција, каде беше забележан и еден смртен случај. Во Португалија, ветерот достигна брзина до 225 километри на час, со толкава силина што превртуваше чамци и предизвика сериозни штети.

Според бугарскиот климатолог Симеон Матев, денес попладне репот на ураганот ќе го зафати и дел од Бугарија. Иако не се очекува да предизвика големи штети, најавени се врнежи кои би можеле да предизвикаат проблеми во одредени региони.

„Ова е послаб дел од ураганот, откако ја помина Шведска и ослабе значително. Не се очекува да донесе поголеми разорувања“, истакна Матев, додавајќи дека Кирк е помалку интензивен од ураганот Милтон, кој вчера ја погоди Флорида.

Тој објасни дека, иако Кирк има помала моќ и зафаќа помала површина, секогаш постои елемент на изненадување кога станува збор за урагани, бидејќи нивните патишта не се секогаш лесно предвидливи.

Во текот на петокот, Кирк ќе има влијание и врз времето во Србија, додека преминува како ван-тропски циклон над северните и североисточните делови на Европа. Ова ќе донесе заладување по топлото време во четврток, со облаци, дождови и грмежи, како и пад на температурите, што ќе го отвори патот за вистинска есен.

Во меѓувреме, урганот Милтон кој претходно ја погоди Флорида, однесе најмалку 16 животи, додека 2,6 милиони домаќинства останаа без електрична енергија. Националната гарда на САД е распоредена низ целата држава, каде што над 50.000 електричари работат на обнова на електромрежата.

Милтон остави трага од поплави и уништени домови, додека делови од Флорида сѐ уште се опоравуваат од претходниот ураган Хелена, кој пред две недели го погоди регионот Тампа и предизвика загуба на најмалку 230 животи низ шест сојузни држави во САД.

Иако Кирк ослабува, потребна е претпазливост во наредните денови.


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Денес го чествуваме Преподобен Харитон Исповедник: Според верувањето, изговорете ги овие зборови за да ги заздрават вашите рани

Златен сјај и луксуз на Јелена Карлеуша: Моќно издание на поп-дивата кое остава без зборови