Ураганот Кирк забрзано се движи кон Европа, што предизвика аларм кај метеоролозите, кои предупредуваат дека погодените земји мора да се подготват колку што е можно повеќе. Со достигната категорија 4 на сила додека се наоѓа над средниот Атлантик, Кирк претставува сериозна закана, а се очекува дека ќе ги погоди северните делови на Европа во вторник и среда следната недела.
Во следните неколку дена, Кирк ќе помине низ екстратропска транзиција, претворајќи се во „поранешен ураган“ кога ќе стигне до европските брегови. Иако моделите покажуваат некои разлики во точната патека на екстратропскиот циклон Кирк, предвидувањата укажуваат дека најпогодени ќе бидат Франција, Белгија, Холандија и северниот дел од Германија, каде што ќе има најсилни ветрови и обилни дождови. Истовремено, јужниот дел од Обединетото Кралство се очекува да биде погоден од интензивни врнежи.
I’ve never seen a National Hurricane Center cone extend into Germany and Denmark. #Kirk pic.twitter.com/56xxMpjzqi
— Collin Gross (@CollinGrossWx) October 6, 2024
Кирк се формираше на 29-ти септември во централниот Атлантик и брзо ескалираше до ураган од категорија 3, а потоа и 4. Иако ги заобиколи некои делови од САД, метеоролозите предупредуваат дека може да предизвика опасни бранови.
Според прогнозите, Кирк може да донесе силни врнежи и налети на ветер при неговото пристигнување во Европа. Со загуба на топлината од Атлантскиот океан, се очекува ураганот да се претвори во посттропски циклон, но и понатаму да задржи силни механизми за обилни врнежи и опасни ветрови.
Иако Кирк е една од најголемите закани во моментов, активноста на ураганите во Атлантикот сè уште е интензивна. Ураганот Лесли, кој моментално е ураган од категорија 1, се следи внимателно. Сепак, не се очекува Лесли да има поголемо влијание, бидејќи прогнозите укажуваат дека до вторник ќе се ослаби и ќе се претвори во тропска бура без да го допре копното.
Земјите кои ќе бидат погодени од оваа моќна бура треба да бидат на штрек, бидејќи оваа природна појава носи огромен потенцијал за разурнувачки последици.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден