во ,

Урсула фон дер Лајен: Европа нема да попушти пред царините на Трамп!

Европа испрати одговор до Трамп по новите царини: „Ако треба, ќе одиме и чекор понатаму“

Европската комисија воведува контрамерки откако американските царини на увоз на челик и алуминиум од ЕУ стапија на сила во средата. „Комисијата жали поради американската одлука за наметнување царини, сметајќи ги за неоправдани, вознемирувачки за трансатлантската трговија и штетни за претпријатијата и потрошувачите, што често доведува до повисоки цени“, наведува Комисијата.

Реклама

Европската комисија ќе ги активира постоечките контрамерки против Соединетите Држави од 1 април, кои беа суспендирани во 2018 и 2020 година. Овие мерки се насочени кон низа американски производи како што се мотоцикли, бурбон и чамци и се одговор на економската штета вредна 8 милијарди евра од извозот на челик и алуминиум од ЕУ.

Како одговор на новите американски царини кои влијаат на повеќе од 18 милијарди евра извоз од ЕУ, ЕК најави и пакет нови контрамерки за американскиот извоз, кои ќе стапат на сила во средината на април, по консултации со земјите членки и други заинтересирани страни. Вкупно, контрамерките што би можеле да се применат на извозот на стоки од САД достигнуваат вредност од 26 милијарди евра, што одговара на економскиот обем на американските царини.

„Контрамерките што ги преземаме денес се силни, но пропорционални. Бидејќи САД применуваат царини во вредност од 28 милијарди долари, ние одговараме со контрамерки во вредност од 26 милијарди евра. Тоа одговара на економскиот обем на американските царини“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Таа додаде и дека ЕУ останува отворена за преговори.

„Цврсто веруваме дека во свет полн со геополитички и економски неизвесности, не е во наш заеднички интерес да ги оптоваруваме нашите економии со царини. Подготвени сме да се вклучиме во значаен дијалог“, рече таа, додавајќи дека го задолжила комесарот за трговија, Марош Шефчович, да ги продолжи разговорите со американската страна.

Во јуни 2018 година, првата американска администрација под претседателот Трамп воведе царини на европскиот извоз на челик и алуминиум во вредност од 6,4 милијарди евра, а во јануари 2020 година следеа дополнителни царини кои влијаеја на околу 40 милиони евра извоз на одредени производи од челик и алуминиум. Како одговор на тоа, во јуни 2018 година, ЕУ воведе свои контрамерки во вредност од 2,8 милијарди евра на американскиот извоз во ЕУ, а сличен одговор следеше и по новите царини од 2020 година.

Останатите контрамерки кои влијаат на извоз во вредност до 3,6 милијарди евра требаше да стапат на сила на 1 јуни 2021 година. Меѓутоа, по разговорите со американската страна за воведување царински квоти за извозниците од ЕУ, ЕУ ги суспендираше тие мерки до 31 март 2025 година, со цел да им даде простор на страните да најдат долгорочно решение.

„Би можеле и чекор понатаму“

Францускиот министер за Европа, Бенжамин Хадад, во средата изјави дека Европската унија би можела да оди и чекор понатаму во својот одговор на американските царини, иако трговската војна не е во ничиј интерес. Царините на американскиот претседател Доналд Трамп на увоз на челик и алуминиум стапија на сила во средата, како дел од неговата кампања за промена на светската трговија во корист на Соединетите Американски Држави, на што Европа брзо одговори.

Европската комисија соопшти дека од следниот месец ќе воведе контрамерки на американска стока во вредност од 26 милијарди евра. Комисијата рече дека ќе ја прекине тековната суспензија на царините на американските производи од 1 април и ќе претстави нов пакет контрамерки на американска стока до средината на април.

„Имаме пакет мерки против американските сектори, исто така имаме средства да одиме и понатаму со други видови услуги. На пример, ако тие одат понатаму, да вклучиме дигитални услуги или дури и интелектуална сопственост“, објасни Хадад.

Хадад во изјава за TF1 остави отворена можност за оданочување на американските технолошки гиганти како што се Нетфликс, Гугл или Фејсбук, во контекст на трговската војна што беснее меѓу Соединетите Држави и ЕУ, пренесува BFM TV.

Француското министерство одби да даде дополнителни детали, но нагласи дека овие услуги веќе се регулирани со европскиот Закон за дигитални услуги ДСА, кој се однесува на дигитални платформи во широк опсег од интернет сервиси за продажба како што е Алибаба до социјални мрежи како што е ТикТок, наведува BFM TV.

Сподели:
Уникатни Маици

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Украина без Starlink? Што ќе се случи ако Маск го прекине клучниот сателитски систем?

Реткост на аукција: Првото издание на дневникот на Ана Франк продадено за висока цена!