во , ,

Фајзер чорба, ќебап на д-р Несторовиќ: Белградски ресторан со урнебесно ковид-мени

Постои и убава страна за животот за време на пандемијата ако го погледнете менито на еден белградски ресторан.

Во него може да најдете специјалитети како ‘ќебапи на доктор Несторовиќ’, ‘Фајзер чорба’ или ‘Пита со антитела’, чии називи звучат урнебесно.

Овие јадења се инспирирани од коронавирусот, а меѓу нивните имиња се и ‘ковид пилешко’, ‘пилешко во карантин сос’, ‘паста со симптоми’ или ‘Спутник 5 чорба’.

Готвачот на овој белградски ресторан, Немања Шикуљак рекол дека се работи за стари рецепти со нови називи на јадењата.

„Сакавме малку да се пошегуваме, бидејќи на сите им треба малку насмевка и забава во овие времиња“, рекол готвачот.

А, кое јадење го носи името на министерката Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, погледнете во видеото ТУКА.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пораката на 10-годишното момче кое стекнало нови пријатели ги разнежни срцата на интернет корисниците

20 Фотографии покажуваат како би изгледале познати личности кога би влегле во програмата за заштита на сведоци