Легендарниот актер Брус Вилис бил забележан во Лос Анџелес, при што многумина забележале дека делувал дезориентирано, што е резултат на неговата борба со афазија и фронтотемпорална деменција. Овие нови фотографии предизвикаа емоционални реакции кај неговите фанови.
„Ова навистина боли, мислите ми се со него,“ „Тешко е да се гледа како една легенда на киното полека заминува,“ се само дел од бројните коментари кои се појавија на социјалните мрежи.
Вилис добива непрекината поддршка од своето семејство, кое е секогаш покрај него. Тој и неговата сопруга, Ема Хеминг Вилис, имаат две ќерки – Мејбел Реј и Евелин. Од претходниот брак со актерката Деми Мур, Брус има уште три ќерки: Румер, Скаут и Талула.
Неговата ќерка Румер неодамна сподели на Инстаграм дека и покрај тешката состојба на нејзиниот татко, тој се чувствува добро. Исто така, Деми Мур во интервју за „Дру Баримор шоу“ изјавила дека, според нивното искуство, Брус во моментов е стабилен.
Во мај 2022 година, медиумите како „Daily Mail“ известија дека актерот се соочува со неизлечива болест. Фронтотемпоралната деменција се разликува од Алцхајмеровата болест, бидејќи првиот симптом не е губење на меморијата, туку афазија – тешкотии со говорот. Оваа болест влијае на делот од мозокот кој ги контролира емоциите и расположението, што може да доведе до чести промени во расположението, анксиозност и пореметена свест.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден