во ,

Фудбалски навивач во црква

Љубител на фудбал отишол во црква за да се помоли. Пред него се појавил Бог:

– Кажи чедо мое, што ти тежи на душата?

– Ооо, дедо Боже, кажи ми кога Македонската фудбалска репрезентација ќе се научи да игра фудбал?

– Нема да биде наскоро, но биди мирен, ќе го доживееш тоа – одговорил Бог.

– А кога ќе се квалификуваме за Европски или Светско првенство во фудбал?

– Чедо мое, тоа нема да го доживееш.

Навивачот започнал да плаче, но решил да постави уште едно прашање:

– А кога дедо Боже, ќе бидеме Европски или Светски шампиони во фудбал?

Тогаш Господ се расплакал. Навивачот збунето го прашал:

– Зошто плачеш дедо Боже?

– Па тоа ни јас нема да можам да го доживеам.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кивнете повторно

Дрво на животот