Стаорецот Магава, херој меѓу животните и деминер награден со златен медал за херојски потфати, умрел во осмата година од животот.
Во петгодишната кариера тој глодар прегледал повеќе од 100 мински полиња и експлозивни направи во Камбоџа. Магава е најуспешниот стаорец кој минал едногодишна обука во организацијата Апопо од Белгија, пренесува “BBC”.
Таа организација уште од 90-тите години од минатиот век во Танзанија ги тренира овие животи, познати како “стаорци херои”, да откриваат мински полиња и туберкулоза. Животните по една година стекнуваат и сертификат за завршената обука.
Стаорците учат да намирисаат хемиска компонента внатре во мините, што значи дека го игнорираат металот и така побрзо можат да ги пребаруваат површините. Кога ќе го пронајдат експлозивот почнуваат да ја гребат земјата и така им даваат сигнал на луѓето да им се приклучат.
Магава можел да испита подрачје со големина на тениски терен за 20 минути, а за тоа на луѓето со детектори им се потребни меѓу еден и четири дена. Во текот на кариерата исчистил повеќе од 141.000 квадратни метри, што е еднакво на површина од 20 фудбалски терени.
Бил долг 70 центиметри и тежок 1,2 килограми. Иако бил многу поголем од останатите видови на стаорци, Магава и натаму бил доволно ситен и лесен да не детонира експлозиви кога гази по нив.
Во текот на 2020-та година Магава добил златен медал “PDSA”, што е орден за животни за посветеност и должност. Бил првиот стаорец што го добил тоа признание во 77-годишната историја. Минатиот јуни заминал во пензија, откако “забавил во староста”.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден