Советот на Општина Виница разгледува предлог одлука за доделување плакета за храброст и четиригодишна стипендија за високо образование на младиот Јован, кој херојски спаси дваесетина лица за време на пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Предлогот е доставен од градоначалникот Миле Петков, кој во своето образложение нагласува дека ова е најмалку што општината може да направи за младиот човек, чија хуманост и пожртвуваност длабоко ја трогнаа македонската јавност.
Јован стана симбол за храброст и човечност по неговото несебично дело кога ризикувајќи го сопствениот живот, успеал да извлече голем број луѓе од опасната ситуација во дискотеката, спречувајќи уште поголема трагедија. Одлуката за наградата и стипендијата се очекува да биде донесена на следната седница на Советот.