На едно од највозбудливите сафари тури во Африка, туристи доживеаја незаборавна авантура која долго ќе се памети, бидејќи во нивниот автомобил влета лавица.
Група туристи доживеа крајно необична ситуација додека разгледуваа дивина, кога на нив налезе лавица. Очекуваа дека се безбедни во возилото, но лавица упадна во автомобилот и внесе неверојатен пресврт во нивното сафари искуство.
Лавица која сака да се гали
Снимката од лавицата која се залета кон туристите ги запали социјалните мрежи X. Животното се залета кон автомобилот во кој туристите ја разгледуваа околината за време на сафари. Отпрвин сите беа во грч, но штом лавицата почна да ги гушка и да се гали, им измами насмевка на лице.
It forgot that it was a wild animal, and turned into a Butterfly of love. 😂😂 pic.twitter.com/XI862nOzY9
— The Figen (@TheFigen_) February 11, 2025
Необичното однесување го трогна интернетот. Снимката ги стопи срцата на корисниците на X, бидејќи луѓето во коментари пишуваа колку се изненадени од реакцијата.
– Прекрасно и истовремено застрашувачко – напиша еден.
– Лавица која обожава да се гали, прекрасно – додаде друг.
Додека едни беа воодушевени, други коментираа со страв од тоа што штотуку видоа.
– Секогаш се грижам кога ќе видам нешто вакво, бидејќи диво животно може во момент сериозно да повреди некого. Сакам мачки, но кога се во прашање диви мачки, треба да се биде многу внимателен! – напиша еден корисник.