На една страница на Инстаграм која има повеќе десетина илјади следбеници, се појави видео кое ги остави сите во солзи. Се разбира, од смеење.
Имено, колку што можеме да видиме, видеото е направено на свадба или прослава.
Девојката си играла со партнерот, а во еден момент и паднале штиклите. Сепак, тоа не ја спречило да продолжи да танцува, а нејзината пријателка решила да ја спаси ситуацијата!
Таа клекна зад неа и цело време ја туркаше потпетицата наназад, додека девојката сѐ уште не престануваше да игра.
Пријателката цело време се смее гласно, додека ја брка дамата без потпетици, а како изгледа сето тоа погледнете во видеото.