Ники Антрам, самохрана мајка од Австралија, веќе 17 години го носи својот син Џими на грб, патувајќи со него низ светот и пружајќи му исполнет живот. Џими е роден со физички и ментален хендикеп, е трајно слеп и има потреба од 24-часовна нега. Ники, која го родила на само 17 години, одлучила дека ќе му обезбеди најубав можен живот, исполнет со авантури и љубов.
И покрај сите предизвици, Ники не се откажува. Тие заедно доживеале многу неверојатни моменти – пливале со делфини, летале со балон и патувале низ светот. Џими, и покрај својата состојба, секогаш е насмеан, а неговата среќа е најголемата инспирација за Ники. Секојдневната рутина на оваа мајка е исполнета со грижа, игра и авантури, а Ники секогаш внимава да го направи животот на својот син што попријатен и забавен.
Иако знае дека носењето на својот син на грб станува сè потешко, Ники не се откажува. Нејзината борба е постојана, но нејзината љубов и посветеност се непоколебливи. „Тој е мојата инспирација“, вели таа, додавајќи дека секоја насмевка на Џими ѝ дава сила да продолжи понатаму.