Хашимото тироидитис е автоимуно заболување кое често се развива постепено и може да предизвика долготрајни оштетувања на тироидната жлезда без никакви почетни симптоми. Ова заболување е едно од најчестите нарушувања на тироидната жлезда, а генетската предиспозиција игра значајна улога, но и фактори од околината како вируси и бактерии можат да придонесат за неговиот развој.
Како се манифестира Хашимото и кој е најризичен?
Хашимото тироидитис се јавува кога имунолошките клетки почнуваат да ја напаѓаат тироидната жлезда, што доведува до воспаление. Најчесто го засегаат жените во средни години, но и мажите, децата и младите не се целосно заштитени. Хашимото може да се јави во сите фази на функција на жлездата: нормална, зголемена или намалена функција, а симптомите честопати се неспецифични и слични на други состојби.
Во почетокот, многумина не забележуваат ништо невообичаено, но како што болеста напредува, може да се појави блага израснатина во предниот дел на вратот, позната како гуша или струма. За прецизна дијагноза, потребна е посета кај ендокринолог и анализа на крвта.
Кои хормони се проверуваат?
За да се утврди дали постои Хашимото, лекарите обично препорачуваат:
- ТСХ (тиреостимулирачки хормон) – високо осетлив тест за откривање на нарушувања на тироидната функција, дури и пред да се појават симптоми.
- ФТ4 (слободен тироксин) – за мерење на активноста на тироидната жлезда.
- Антитела против тироидната пероксидаза (anti-TPO) и против тиреоглобулин (anti-TG) – овие антитела можат да укажат на автоимун напад врз жлездата, карактеристичен за Хашимото.
Важно е да се напомене дека не секој со Хашимото има покачени anti-TPO антитела, ниту пак сите имаат видлива струма, па затоа е важно редовно следење.
Симптоми на Хашимото тироидитис
Симптомите се појавуваат постепено, и многу луѓе може да ги игнорираат како дел од секојдневниот замор. Вообичаени симптоми се:
- хроничен замор
- осетливост на студ
- запек
- сува кожа
- бледило на лицето
- оток на лицето
- губење на косата и кршливи нокти
- зголемена телесна тежина
- болка и слабост во мускулите и зглобовите
- намален пулс
- депресија и потешкотии со меморијата
Доколку почувствувате некој од овие симптоми, особено хроничен замор и сувост на кожата, или имате непредизвикана промена во телесната тежина и холестеролот, важно е да се консултирате со лекар.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден