во

Цеца вљубена во фудбалер: Можно е после долгогодишно пријателство да се роди романса…

Првата љубов на Цеца Ражнатовиќ не беше нејзиниот сопруг на кој му роди две деца, туку познат фудбалер кој тогаш важеше за голем заводник. Цеца Ражнатовиќ е постојано под будното око на јавноста и сите сакаат да ѕирнат во нејзината приватност, но кога е во прашање љубовниот живот на Цеца пред Жељко Ражнатовиќ, нема многу информации.

Станува збор за поранешниот играч на Црвена Звезда, Владан Лукиќ, со кој балканската дива стапи во врска далечната 1989 година, кога таа имаше само 16 години, додека тој имаше 18 години. Се шпекулираше дека двојката планира да се сврши, но поранешниот југословенски репрезентативец по една година отишол на воен рок и решиле да ја прекинат врската, а медиумите објавија дека Цеца ја посветила песната „Да го видам“ на Владан.

Поранешниот фудбалер пред неколку години во еден белградски ресторан ја прослави венчавката на својата ќерка Сара, која изрази желба на нејзината свадба да пее најголемата балканска ѕвезда, што и се случи, а потоа Цеца се осврна на емотивниот однос со Лукиќ:

– Овде дојдов преку 30-годишна врска, кога се запознавме со Влада, тој предвреме знаеше со кого треба да излезе, со пејачка. Сите шеги на страна, Сара сакаше да пеам денес. Гледам дека сте прекрасно расположени – на шега рече Цеца додека фудбалерот во интервју од 2009 година зборуваше за врската со пејачката:

– Тоа беше љубов од тинејџерските денови. Бевме млади и навистина добро се согласувавме. Развивме пријателство кое траеше две-три години. Навистина не се сеќавам како заврши и кој кого остави, мислам дека не е важно. Нашите патишта се разделија и секој тргна по својот пат. Мислам дека беше нормално затоа што немавме ништо заедничко во животот.

Интересен податок е дека за време на бомбардирањето, Владан Лукиќ играше во француски Мец, со кој имаше прилично добар договор, но не можеше да поднесе да игра фудбал во толку тешко време за својата земја, па го раскина договорот и се врати во Србија. После тоа играше една година во Грција, а на 30 години ја заврши кариерата. Извесен период беше и претседател на Звезда, но и кандидат за претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија.

По нивната романса, Цеца и Владан Лукиќ тргнаа по својот пат со надеж дека нивната врска ќе остане таму каде што припаѓа – во минатото. Сепак, љубопитните новинари често ја спомнуваа нивната љубов во интервјуа и емисии, па нивната романса никогаш не беше целосно заборавена. Затоа Вељко и Таса уште малку постари дознале за првата љубов на мајка им пред татко им Аркан, а како реагирале, за пошироката јавност се уште е непознато…


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Еве колку точно заработија Карлеуша и Бака Прасе во лајвот: Сумата ќе биде донирана на настраданите во БиХ

Цеца добро се почасти! Пејачката купи нов автомобил за 175.000 евра, вистински ѕвер