во ,

Црниот биланс расте: Уште една жртва од пожарот во Кочани, почина пациент во Литванија

За жал, бројот на жртви од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој се случи на 16 март, се зголеми на 61. Денеска почина уште еден пациент кој беше на лекување во Литванија.

Станува збор за пациент идентификуван како Гавриловски, кој од самиот почеток беше во критична состојба. Тој беше префрлен на лекување во Литванија од ГОБ „Наум Охридски“ во Скопје. Според информациите, неговата состојба се влошила на 4 април, а од вчера бил на дијализа. За жал, денеска во 11 часот починал.

Купи Маица

Ова е веќе вториот пациент кој го загуби животот додека се лекуваше во странство по кобниот пожар. Минатата недела, исто така во Литванија, почина Александар Карадакоски, управителот на дискотеката „Пулс“.

Според претходни изјави, Гавриловски беше еден од 193 лица кои беа повредени во пожарот и се лекуваа во странство или во медицински установи во земјата.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

МИЦКОСКИ УВЕРЕН: Царините од САД се резултат на грешка, очекувам брза корекција