Бројот на загинати во уривањето на кровот во клубот во Доминиканската Република се искачи на 27, изјави директорот на Центарот за итни случаи ЦОЕ Хуан Мануел Мендез.
Трагедијата се случи во моментот кога во клубот настапуваше познат пејач кој, како што се стравува, остана под урнатините.
Сè уште не е познато како дошло до уривање на кровот на познатиот клуб „Џет Сет“.
Инцидентот се случи за време на настапот на познатиот пејач Руби Перез.
На социјалните мрежи кружи снимка од моментот кога кровот се урна врз гостите. Во еден момент музиката престанува и се гледа само темнина.
Менаџерот на познатиот пејач соопшти дека Руби Перез сè уште е под урнатините.
https://twitter.com/i/status/1909557570647314942
Локалните власти соопштија дека со возила на брза помош повеќе од 100 лица се пренесени во неколку околни болници.
„Нашиот град се буди поради страшна трагедија што се случи во ноќниот клуб Џет Сет. Мое длабоко сочувство до семејствата на жртвите, а нашите мисли се и со семејствата кои чекаат вести за своите најблиски“, изјави градоначалничката на Санто Доминго, Каролина Мехија де Гариго.
Директорот на секторот за вонредни ситуации рече дека спасувачките екипи ќе бидат на терен сè додека постојат шанси дека под урнатините има некој жив.
Во овој момент спасувачите се обидуваат со помош на термални сигнали да утврдат колку луѓе се наоѓаат под урнатините.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден