во ,

Човечката ДНК може да ги замени хард-дисковите во иднина

Жителите во целиот свет ќе произведуваат податоци од над 463 егзабајти до 2025 година, што е еднакво на 212.765.957 дигитални видеодискови (ДВД), според процени на Светскиот економски форум.

Постојните системи за складирање податоци трошат многу енергија и зафаќаат простор, но и не се направени за да траат вечно. Еден нов метод за чување податоци може да биде алтернатива на хард-дисковите. Станува збор за метод за чување податоци на ДНК развиен од истражувачи на Северозападниот универзитет. Чувањето на податоците на ДНК со овој систем одзема само неколку минути, пренесува „Инчрестинг инџиниринг“.

Истражувачите користеле ензиматски систем за синтетизација на ДНК кој ги снима променливите околински сигнали во своите секвенции. За да ги снимат молекуларните и дигитални податоци на ДНК, научниците користат процеси кои ги комбинираат новите информации со постојни ДНК-секвенции, но овој процес одзема многу време.

Со новиот метод, научниците синтетизираат комплетно нова ДНК и ги снимаат податоците во новиот генски код за неколку минути.

Со вметнување „снимачи“ на податоци во клетките, научниците може да научат како комуницираат невроните меѓу себе. Надвор од телото, овој систем би можел да се користи за разни решенија за чување податоци, но и како биосензори за следење на загадувањето во околината, како концентрацијата на метали во водата за пиење.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 Примери како шминкерите можат да ја нагласат или уништат убавината на славните жени

ГИНИСОВ РЕКОРД: Овој човек го има најголемиот нос во светот!