Фестивалот во Харбин некои го нарекуваат и замрзнат Дизниленд затоа што опфаќа многубројни дворци и други чудесни нешта кои што ги има само во бајките – но, во природна величина направени од снег и мраз.
Меѓународниот фестивал на скулптури од снег и мраз во Кина ќе се одржи по 37-ми пат. Иако фестивалот службено започнува на 5-ти јануари 2021 година со тема „Magical Harbin, Ice Snow Charming China“, поголемиот дел од скулптурите веќе се завршени.
Замрзнатите скулптури се простираат на неколку локации во градот, а на нив во просек работат околу 10.000 луѓе.
Некои од скулптурите знаат да достигнат висина и од 50 метри. За изработка на скулптурите се трошат и до 200.000 кубни метри мраз. До мразот не е тешко да се дојде затоа што во овој град на североистокот од Кина зимите се брутално ладни, а температурите знаат да се спуштат и до -25 степени Целзиусови.
Освен уживањето во скулптурите и во шоуто со светла кое што се приредува во состав со фестивалот кога ќе падне ноќта, посетителите може да си изберат и разни зимски спортови – од скијање до пливање во ледената река.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден