Мајкл Мекормик, професор по аеронаутика на универзитетот Ембри-Ридл, истакна дека исклучителниот дизајн и инженерство на авионот се клучни за чудесното преживување на сите 80 патници и членови на екипажот во трагичниот пад на авионот на „Делта ерлајнс“ кој леташе од Минеаполис кон Торонто.
Авион на реномираната компанија „Делта ерлајнс“ доживеа тешка несреќа при слетување на меѓународниот аеродром „Пирсон“ во Торонто во понеделникот, кога крилото на леталото се откина и избувна пожар, а самиот авион се преврте на кров.
Additional CCTV Footage from Toronto Pearson International Airport has been released, showing yesterday’s crash-landing of a Delta Air Lines CRJ-900LR operated by Endeavor Air, which amazingly resulted in only 15 Injuries. pic.twitter.com/PsaJGk4BVf
— OSINTdefender (@sentdefender) February 18, 2025
“Навистина е неверојатно да се види како луѓе излегуваат од целосно превртен авион. Но, веднаш помислив, ова е доказ за моќта на дизајнот и инженерството. Ова се плодови на долгогодишно истражување во цивилната авијација, кое овозможи ваков исход”, изјави професорот МекКормик за Си-Ен-Ен.
Надлежните служби интензивно работат на утврдување на причините за оваа сериозна несреќа. Според достапните информации, комуникацијата меѓу контролната кула и пилотот била целосно нормална за време на приоѓањето кон пистата, и засега останува мистерија што точно се случило во моментот кога авионот изгубил контрола и се превртел.
Во критичниот момент на слетување, на аеродромот „Пирсон“ во Торонто дувале силни ветрови со брзина од 51 до 65 километри на час, според официјалните податоци на Метеоролошката служба на Канада.