По тешко боледување денеска на 58-годишна возраст почина познатиот НБА кошаркар Дикембе Мутомбо, а оваа вест ја растажи целата кошаркарска јавност ширум светот.
Познатиот кошаркар почина по долга и тешка битка со тумор на мозокот.
– Почина членот на Кошаркарската куќа на славните Дикембе Мутомбо на 58-годишна возраст, како последица од рак на мозокот – напиша на социјалната мрежа „Икс“ познатиот кошаркарски новинар Шемс Чаранија.
Мутомбо помина 18 сезони во НБА, играјќи за Денвер, Атланта, Хјустон, Филаделфија, Њујорк и тогашните Њу Џерси Нетс, и се смета за еден од најдобрите блокатори во историјата на НБА.
Познатиот центар беше осумкратен учесник во ол-стар натпреварот, четири пати беше најдобар одбранбен играч во лигата, три пати беше избран за најдобар тим во лигата, а во 2015 година беше примен во Куќата на славните.
Последен пат играше во сезоната 2008/2009 и посветено работеше за хуманитарни цели.
Тој зборуваше девет јазици и ја основа Фондацијата Дикембе Мутомбо во 1997 година, фокусирајќи се на подобрување на здравјето, образованието и квалитетот на животот на луѓето во Конго.
Фондацијата изгради болница со 170 кревети во Киншаса, а таа установа лекуваше речиси половина милион луѓе без оглед на нивната способност да платат за нега.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден