Познат професор кој истражува РАК УМИРА ОД КАРЦИНОМ: Ја соопшти дијагнозата и ЗАПЛАКА. „Ми преостанаа уште неколку месеци живот, не е фер, НЕ СУМ ПОДГОТВЕН ДА ОДАМ“
Познатиот австралиски професор кој го истражува ракот, Ричард Сколиер, умира од карцином на мозокот, објави тој во емисијата „A Current Affair“. Тој дозна дека тешката болест се вратила откако беше опериран минатата недела. Беше пронајден агресивен тумор, а прогнозите не се добри.
Ракот му беше дијагностициран во јуни 2023 година. Дијагнозата беше – четврти стадиум на карцином на мозокот. Глиобластом се смета за најагресивен облик на рак, а најчесто се умира во рок од една година по дијагнозата, пишува Daily mail.
По низа експериментални терапии, професорот минатиот мај изјави дека нема рак, речиси 12 месеци. Пет месеци подоцна, магнетна резонанца покажа проблематична област. Дополнителни скенирања во февруари открија промени на мозокот.
Водителката Али Лангдон не можеше да ги задржи солзите. Тој ѝ рече дека прогнозите се: уште три месеци живот, па на нејзиното прашање дали ова е нивниот последен разговор, тој одговори: „Искрено, не знам. Може да потрае неколку недели, месеци, можеби и подолго, не знам. Сè уште не сум подготвен да умрам. Веројатно сум среќен што толку долго немаше ремисија. Кој знае што носи иднината“.
Тој продолжи: „Беше лесно да се види голема бела област што претходно ја немаше, а потоа пред една недела бев на операција која потврди дека станува збор за гаден тумор кој се врати“.
Нови операции и зрачење не се можни. „Искрено, го сакам својот живот, не очекував дека сега ќе бидам жив, па благодарен сум што можев да придонесам на толку многу начини и да направам разлика за идните пациенти“.
Лековите се единствената опција, но според истражувањата, шансите за закрепнување се мали.
„Се испитува одреден третман кој би можел да помогне, но моето срце не е на истото место како порано. Не е фер, зар не?“, рече тој и заплака. Водителката се согласи дека не е фер.
„Но, сметам дека постои лекција за секого. Искористете го најдобро својот живот, своето време. Едноставно не знаете што ќе се случи следно“.
Преостанатото време ќе го помине со сопругата Кејт и нивните три деца, пишува Daily mail.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден