во ,

Шокантни сведоштва од „Пулс“: Малолетничка открива детали за пожарот, пиротехниката и полицијата

Една малолетничка која присуствувала на трагичната вечер во дискотеката „Пулс“ во Кочани, за „Претрес со Ландов“ изнесе потресни детали за случувањата пред и по избувнувањето на пожарот. Во пожарот загинаа 59 наши сограѓани и возачот на Брзата помош.

Таа истакна дека при големи концерти и настапи на познати ѕвезди, често имало пиротехника. Прв реагирал пејачот на ДНК, Владимир Блажев-Панчо.

„Сите снимаа, на сите им беше шега. Не мислеа дека ќе се прошири толку брзо. Не го сфатија сериозно. Снимаа и останаа. Кога пејачот извика, јас веднаш излегов. Пред вратата имаше преголема гужва. Луѓето трчаа. Ни јас не знам како излегов во таа гужва. Некои останаа до крај. Мислеа дека ништо нема да се случи“, рече малолетничката во „Претрес“.

На вратата имало полиција. Тие дошле да прават рација.

„Во клубот секогаш има доста малолетни лица. Јас сум една од нив. Имаше многу малолетни лица. Прво сакаа да излезат за да не завршат во полициска станица. Вратата беше блокирана за да не се излегува и влегува. Кога настана гужвата, вратата беше отворена за да излеземе. Луѓето паѓаа. Никој не им помагаше. Никој не застануваше да им помогне. Многу луѓе беа прегазени и изгазени. Имам доста блиски луѓе кои се повредени од тие газења. Во тие моменти можам да кажам дека полицијата не помогна доволно. Тие стоеја настрана“, додаде таа.

Таа посочи дека било вообичаено малолетници да влегуваат во дискотеката.

„Не бараат лична карта. Плаќаш влез и си влегуваш внатре“, додаде малолетничката за „Претрес“.

Во дискотеката имало невообичаена гужва.

„Секој викенд сум во диското. Таа вечер имаше невообичаена гужва. 50 проценти повеќе од тоа што е дозволено. Многу луѓе што ги познавам и сега се повредени, влегуваат без карти. Иако викаат дека се продадени 500 карти, многу луѓе влегуваат без карти“, додаде малолетничката.

Таа посочува дека никогаш ниту на неа не ѝ бил попречен влезот.

„Никогаш. Сум си платила карта, сум влегла, сум седела по цела вечер додека да заврши забавата. Јас бев со другарки од моја генерација. Само една беше постара. Нас ни посочувале: ‘Ако имате некој што има повеќе од 18 години, нема ништо да ви направат. Само мора да излезете веднаш.’ Сите го знаат тоа. Сите го практикуваат“, додава таа.

Таа сведочи за изгледот на дискотеката одвнатре, за пожарот, но и за тоа што се случувало:

Сподели:
Уникатни Маици

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Од „Жикина династија“ до Цеца: Ова е приказната за легендарната куќа на Катинка!

Во 59-тата минута македонските навивачи скандираа „Кочани! Кочани! Кочани!“ на стадионот во Вадуц